ВМРО-НП: Подвозникот под плоштадот ќе биде рекордер по анекси

Од:

Доказ дека владата нема никаква намера да престане со катастрофалните економски политики е најновиот проект, подвозник под централниот плоштад во Скопје, реагираше денеска ВМРО-НП.

„Како и за останатите проекти, на почеток не уверуваат колку добар и евтин е овој проект и дека ќе се постигне огромно растоварување на сообраќајот во Скопје со само 40 милиони евра. ВМРО-Народна партија цени дека овој проект ќе чини минимум 100 милиони евра, од причини што токму под плоштадот се главните крстосници на сите видови подземни инсталации во Скопје, и на секој метар има црева, цевки, кабли, шахти… Исто така, потсетуваме дека градежните операции ќе мора да се изведууваат целосно под вода од причини што реката Вардар е на само неколку метри, а техниките за работа под вода чинат многу поскапо“, соопшти партијата.

ВМРО-Народна партија очекува овој проект да биде рекордер по број на анекси и во процентуална разлика од почетно проектираната цена до крајната цена, земајки го предвид досегашниот начин на работа.

„Токму од овие причини, цениме дека овој проект ќе биде последната капка што ќе ја прелее чашата, проект кој ќе предизвика банкрот и ќе ја закопа македонската економија, а воедно и последен и недовршен проект на оваа влада“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ