Рок легендите Ван Гог, Игор Џамбазов и Фиц на третото издание на „Skopje Unplugged”

Од:

Фестивалот на акустична музика, во организација на ЈУ „Универзална сала“ и Град Скопје, Skopje Unplugged, го подготвува своето трето издание, кое ќе се одржи во петок,  на 25 јуни, на покривот на паркингот во „Сити мол“, со почеток во 18:30 часот.

Skopje Unplugged е единствениот фестивал кој третира исклучиво акустична музичка изведба.

Оваа година на фестивалот ќе настапат милениците на македонската публика, регионалните рок-легенди „Ван Гог“. Уште позанимливо е дека бендот за првпат ќе се претстави во акустично издание, по незаборавниот настап во Белградска арена, кој се одржа по повод 30-годишнината од нивното постоење.

Публиката ќе има можност да ужива и во настапот на неповторливиот шоумен и еден од најактивните домашни музичари Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе бенд, а ќе можат и заедно со Фиц да ги испеат безвременските хитови на „Студени нозе“.

Поради почитување на протоколите препорачани од Владата и надлежните институции, влезниците ќе бидат во строго ограничен број, со единствена цел – запазување на сите мерки на претпазливост. Билетите може да се купат на билетарницата во МКЦ, или електронски, со промотивна цена од само 500 денари.

Би можело да ве интересира

Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска ќе блеснат во акустично прилагоден сет подготвен за Skopje Unplugged

Ана Ололовска

Се одржа првото издание на фестивалот Skopje Unplugged

Ана Ололовска