Индискиот репортер Нарајан Паргајен се најде на жесток удар на јавната критика поради известувањето од поплавената држава Утараканд во Индија.
Со цел камерманот подобро да ја долови штетата од поплавата, новинарот се качил на рамената на човек со кој претходно снимил прилог. Седејќи качен на неговите рамена и држејќи се за неговата глава, новинарот ги набројувал последиците од поплавата.
Сепак, овој прилог беше критикуван од новинарските здруженија ширум светот, осудувајќи ја постапката на новинарот, кој пак се брани од обвинувањата велејќи дека човекот самиот инсистирал на тоа како знак на почит.