Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен во Истанбул

Од:

Македонскиот државјанин Бобан Томовски, кој наводно е близок соработник на Седат Пекер, бил приведен на аеродромот во Истанбул и се очекува в сабота да биде испорачан во Македонија, пишуваат турските медиуми. Томовски бил приведен во обид да патува за Египет.

Според турските медиуми, Томовски му бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.

Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале за време на престојот во Македонија на Пекер.

Би можело да ве интересира

Владата демантира дека премиерот Заев имал контакти или соработка со Пекер