Гостиварец обвинет за обид за силување

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

– На 27 април, 41-годишниот гостиварец со употреба на сила се обидел да принуди на обљуба една оштетена. Ја нападнал додека таа чистела во својот дом и ја соблекол. Жртвата дала активен отпор и во еден момент успеала да се оттргне, да го турне обвинетиот и да побегне, информираат од гостиварското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, бидејќи се уште постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/жртвата како и можност да го повтори делото.​​

Би можело да ве интересира

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Радовишанец силуваше малолетно девојче

Горан Наумовски

Двајца мажи силуваа 32-годишна познаничка

Горан Наумовски

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Пензионер од гевгелиско село силувал 14-годишно дете

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него