Индискиот премиер Нарендра Моди ги предупреди своите сонародници да преземат дополнителни мерки на претпазливост бидејќи разорната епидемија на коронавирусот во земјата брзо се шири во руралните области, каде живеат речиси две третини од 1,4 милијарди Индијци.
Моди ги повика жителите на руралните области, селските совети и државните влади да се обединат и да се соочат со предизвикот.
Индискиот премиер рече дека армијата, морнарицата и воздухопловните сили се вклучиле во борбата против пандемијата во земјата.
– Изгубивме многу од нашите најблиски, чувствувам болка затоа што луѓето страдаат, рече Моди на конференција на земјоделците.
Индиското Министерство за здравство денес соопшти за 343.144 нови случаи на зараза во последните 24 часа, што е мало намалување во споредба со претходниот ден. Уште 4.000 луѓе починале од Ковид-19 со што бројот на жртвите достигна 262.317 од почетокот на пандемијата.
Сите овие податоци се многу помали од реалните, проценуваат експертите.