Индија денеска потврди 4.205 смртни случаи што е рекорд во земјата во едно деноноќие. Регистрирани се 348.421 нов сличај.
Со денешните податоци од Министерството за здравство вкупниот број заболени со Ковид-19 во Индија надмина 23 милиони, а бројката на починати достина 250 илјади.
India's COVID deaths cross quarter million mark, no sign of peak https://t.co/npMpgBYkQK pic.twitter.com/OgkLSZFzUG
— Reuters (@Reuters) May 12, 2021
Експертите сепак веруваат дека официјалните бројки не ги покажуваат вистинските размери на емидемијата во земјата и дека реалните бројки се пет до 10 пати поголеми.
Падот на бројките на новоинфицирани веројатно ќе биде бвен и уште не е можно да се потврди дека е достигнат пикот вели индискиот виролог Шахид Џамил.
Силниот бран кој ја погосди Индија се префрли од големите градови во малите места и во селата каде слабиот здравствен систем не може да одговори на криза од овие размери.
Исто така во земјата недостигаат вакцини особено во Њу Делхи и во Мумбаи.
Во извештајот објавен денеска Светската здравствена организација соопшти дека варијантата на вирусот Б:!:617 првпат откритена во Индија до сега е потврдена во најмалку 44 земји во светот. СЗО овој сој го означи како загрижувачка мутација која бара засилено следење и анализа.