По повеќе од два милениума, меѓународен тим на научници ја откри тајната на една од најдолговечните човекови креации – римскиот бетон.
Древните Римјани биле врвни инженери. Нивните патишта, аквадукти и храмови се уште се во добра состојба и покрај сите климатски и човечки фактори на кои им биле изложени во изминативе векови.
Една од таквите структури, која долго ги фасцинирала геолозите и инженерите е римското пристаниште. Во текот на изминатата деценија, тим истражувачи од Италија и од САД анализирал 11 пристаништа на Медитеранот кои биле создадени од римскиот бетон и кои и по околу 2.000 години, останале како недопрени од морските бранови.
Тајната е во единствената формула на минерали и на техниката на производството.