Горно Слатинската пештера е една од најубавите и најопасните пештери во Македонија, а за неа се заинтересира и National Geographic Weekend на Бојд Матсон.
Матсон поставил видео од авантурата и на негоиот Јутјуб канал.
-Имав добри штитници за колена бидејќи морав да се пикам и да се потпирам на нив при преминувањето на острите сталактити во пештерата. Имаше многу клаустрофобични моменти внатре, а насекаде имаше остатоци од измет од лилјаци кои имаа колонија во пештерата, опишува Метсон.
Пештерата Горна Слатинска се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, на ридот Баба во близина на селото Слатино во Западна Македонија.