ВМРО – Народна партија: Владата да престане со грабежот врз граѓаните

Од:

ВМРО – Народна партија реагира на одлуката на Владата на Република Македонија да се наплаќа за влез во Национланиот парк “Галичица“.

Низ овој национален парк поминува регионален пат кој го користат граѓаните и со кој се поврзани Охрид и Ресен. Сметаме дека е овој патен правец треба да е слободен за сите граѓани кои поминуваат по него.

Исто така, сакаме да реагираме на одлуката да се наплаќаат давачки за оние кои собираат печурки. Со оваа одлука, Владата дирекно удира врз еден од најсиромашните слоеви кај граѓаните кои сега ќе се спречени да ја извршуваат единствената активност од која преживуваат.

Доволно е со давачки, доволно е со собирање пари од граѓаните кои потоа се злоупотребуваат. Апрелираме Владата да престане со грабежот врз граѓаните. Доколу сака да има што повеќе средства во буџетот, нека размисли како ги троши парите, дали ќе гради споменици и ќе прави прескапи реклами или ќе ги инвестира во подобрување на животот во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ