ВМРО-Народна партија му ја честита на академикот Матеја Матевски – наградата златен медал за заслуги од госпоѓата претседател на Косово Атифете Јахјага и сметаат дека тоа претставува посебен чин на задоволство на уметниците кои творат во Р. Македонија.
ВМРО Народна партија не може, а да не го сподели сознанието дека академик Матеја Матевски бил практично Албанец од Република Македонија, регаираат тие.
Ваквиот чин на признание на академикот Матеја Матевски кој после 80 години мимикрија и криење, лично се одважи и храбро го сподели со целата македонска јавност е за поздравување и ние му честитаме. Тоа е основно човеково право на секој подинец, националните чувства слободно да ги декларира. Но ова лично признание ја шокира македонската јавност, затоа што всушност претставува напуштање на античкиот македонизам промовиран од актуелната власт во Република Македонија.
Со ова се отвара прашањето принципиелно и суштински во каква заблуда сме живееле и сеуште живееме.
Зошто има потреба еден познат интелектуалец 50 години во комунизмот и уште 23 години во демократија да го крие своето национално чувство и припадност?
Овој доблесен чин само конечно ни потврдува дека нешто не е во ред со македонското општество, и дека сериозно треба да го преиспитаме таканаречениот македонизам, и да ги прифатиме и примениме принципите на демократијата кон која се стремиме.