Во Швајцарија референдум за забрана за бурка, никаб и други форми на покривање на лицето во јавност

Од:

Швајцарците во недела ќе гласаат на рефендум за забрана за покривање лица на јавни места, таканаречена „забрана за бурка, никаб и други форми на покривање на лицето во јавност“.

Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и никаб и предлогот да стане закон, пишува Swissinfo.ch.

Тоа го покажуваат и анкетите спроведени пред референдумот, па се очекува Швајцарија, која пред малку повеќе од 10 години изгласа забрана за изградба на минариња во својата земја, сега да ѝ се придружи на соседна Франција, која во 2011 година целосно забрани носење на бурка.

Во Швајцарија никој не носи бурка, а никаб носат триесетина жени, според податоци на Универзитетот во Луцерн. Муслимани се 5,2 проценти од 8,6 милиони жители на Швајцарија, а повеќето од нив се од Турција, Босна и Херцеговина и Косово.

Би можело да ве интересира

Жителите на швајцарскиот кантон Сент Гален се изјаснија против бурката

Наум Локоски