Швајцарија во март ќе почне со олабавување на рестрикциите

Од:

Швајцарија планира првите „внимателни чекори“ за повторно отворање на земјата да ги спроведе од почетокто на следниот месец, јавуваат британските медиуми.

Според соопштението на швајцарската Влада, трошоците за борба против пандемијата ја доведоа земјата до најголемиот буџетски дефицит во историјата на земјата.

Животот во Швајцарија е речиси дојден до степен на застој откако во последните месеци беа затворени продавниците и бизнисите за да им се овозможи на властите да се справат со појавата на новите мутации на вирусот.

Од неодамна е регистрирано благо намалување на стапката на нови инфекции, што на владата ќе и дозволи да ја преиспита својата позиција. Таа се најде во вкрстен оган меѓу здравствените експерти кои сакаат поостри ограничувања и бизнисмените кои повикуваат на отворање.

Владата „предлага вмимателно, постепено отворање за повторно да му се даде место на социјалниот и економскиот живот“, се наведува во нејзиното соопштение.

Во првата фаза, на 1 март повторно ќе се отворат продавниците, музеите и библиотеките, а ќе бидат отворени и зоолошките градини, парковите и спортски објекти.

Исто така, ќе бидат дозволени приватни настани со најмногу 15 лица, во споредба со сегашната граница од пет лица, соопшти владата.

Конечната одлука ќе биде донесена на 24 февруари, по консултација со локалните власти.

Во меѓувреме, Швајцарија го очекува најголем дефицит во историјата на земјата од 15,8 милијарди франци, предизвикан од превисоките трошоци за ублажување на влијанието на пандемијата врз економијата.

Би можело да ве интересира

Во Швајцарија откриени над 8.000 лажни Ковид потврди

Швајцарија не ја одобри вакцината на Астра Зенека

Катерина Ѓуровски

Швајцарија издаде дозвола за итна употреба на вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“