Кошаркарките на Македонија вечерва во Рамла играат против домаќинот на групата Д Израел во рамки на претквалификациите за Европското првенство 2015.
Вчера во натпреварите од 1. коло и двете репрезентации постигнаа победи Израел ја совлада Германија 68:57, а Македонија беше подобра од Португалија 60:56.
За нашата репрезентација единствено проблем може да биде тоа што вчерашниот дуел селекторот Горан Јовановиќ го одигра со шест кошаркарки.
Почетокот на натпреварот е во 19 часот и 45 минути.
Попладнево во рамките од 2. коло од 17 часот играат Германија – Португалија.