Македонија претставена на Автомобилска конференција во Канада

Од:

Можностите за инвестирање во автомобилскиот сектор во Македонија беа претставени на годишната конференција на асоцијацијата на Канадски Производители на Авто компоненти која се одржа од 5-6 Јуни во Виндзор, Канада.

Директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо заедно со економските промотори од Монтреал и Детроит учествуваа на конференцијата каде Македонија беше присутна со национален штанд.

Како што соопшти соопштението Дирекцијата на ТИРЗ, за време на конференцијата покрај презентацијата на инвестициските можности во Македонија, беа остварени контакти и средби со најголемите канадски производители на авто-компоненти Magna International, Martinrea, Linamar, Valiant, Naemco Group, како и познати американски и германски компании од оваа индустрија.

– И покрај намаленото производство и продажба на возила на европскиот пазар, неколку компании изразија конкретен интерес, побараа подетални информации или најавија посета на Македонија со цел да ги анализираат потенцијалите за диверсификација и локализирање на нивното глобално присуство, стои во соопштението од Дирекцијата на ТИРЗ.

На конференцијата свои обраќања имаа високи представници од Крајслер корпорацијата, Форд и од Генерал Моторс кои ги презентираа светските трендови во индустријата и дадоа свои видувања за правецот каде ќе се движи секторот на среден и подолг рок.

Свои штандови за промоција исто така имаа Мексико, Тајланд, Јужна Кореа, Германија и Канада. Покрај присуството и средбите за време на конференцијата, ќе се остварат и дополнителни средби со неколку компании во Детроит со кои се водат преговори во напредна фаза за конкретни проекти и отпочнување на производство во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ