Данската премиерка вовела строги мерки против Ковид-19 иако здравствените власти не го барале тоа

Од:

Одлуката на Данска да ги затвори своите граници, како и училиштата и градинките во март 2020 година за да се справи со пандемијата на коронавирусите било на иницијатива на Кабинетот на премиерката, а не како резултат на препораките од здравствените власти.Тоа се наведува во извештај објавен синоќа.

Петчлена комисија назначена од Парламентот донесе заклучоци за одговорот на Данска на пандемијата во зима и пролет 2020 година.

Комисијата не најде докази дека властите препорачале строги ограничувања во тоа време.

Тоа е во спротивност со она што го рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција за ова прашање на 11 март минатата година.

Фередериксен тогаш рече дека властите препорачуваат несуштинските активности во овие области да се запрат за одреден временски период.

Според Комисијата, таа изјава не е поддржана од мислења на здравствените власти. Тие изразија сомневање за потребата од затворање на училиштата и градинките.

Би можело да ве интересира

Четири нордиски држави ги укинуваат сите мерки

Данска планира да ги укине сите ковид-мерки до февруари

Данска ги заострува рестриктивните анти-ковид мерки

Данска укинува дел од рестриктивните мерки

Катерина Ѓуровски

Данска ќе ги олабави мерките кога сите над 50 години ќе бидат вакцинирани

Британската мутација на коронавирусот потврдена во повеќе од една четвртина од тестовите во Данска