Пет нови инвестиции во индустриската зона Петровец

Од:

Погони за производство на стиропор и на елементи од ПВЦ, логистики центар за процесирање производи, центар за чување благородни материјали и складиште, се новите објекти што ќе се градат во индустриската зона Петровец кај Скопје.

Инвеститорите кои обезбедија локации за изградба на објектите во индустриската зона денеска ги добија дозволите за градење од министерот за транспорт Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски.

– Ова е уште еден начин со кој се потврдуваат позитивните политики кои се спроведуваат со цел привлекување нови инвестиции, изјави министерот Јанакиески.

Тој потсети дека  процедурите за добивање одобрение за градење се драстично олеснети и од почетокот на месецов се издаваат електронски.

На овој начин преку отуѓувањето на градежно земјиште по пат на електронско наддавање се овозможува дополнително промовирање на бизнис секторот и привлекување инвестиции кои водат кон нови работни мести и подобрување на економскиот развој, оцени Јанакиески.

На доделувањето на дозволите во просториите на општина Петровец присуствуваа претставници на уште неколку компани за кои е во постапка издавање одобрение за градење, а кои во тој индустриски комплекс ќе градат објекти наменети за лесна и незагадувачка индустрија, бензински пумпи, како и други деловно комерцијални објекти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ