Албанската полиција ќе забрани собир на повеќе од 10 луѓе во Тирана

Од:

Албанската полиција денеска соопшти дека ќе забрани собирање на повеќе од 10 лица во Тирана.

Според соопштението, полицијата е свесна за правото на луѓето да протестираат, но судството ја работи својата работа против убиецот на 25-годишно момче, но бидејќи протестите се претворија во немири и уништување на имотот, полицијата нема да толерира никакви собири.

Истовремено, полицијата ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за спречување на ширање на коронавирус, за да не дојде до повторно затворање на границите.

Во Тирана синоќа беше одржан петтиот по ред протест за убиството на 25-годишниот Клодјан Раша од страна на полициски специјалец, но за разлика од претходните, мина помирно и со многу помало присуство на демонстранти.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Тирана под полициска опсада

Нов антивладин протест во Тирана