Пицула: Со блокадата на преговорите за членство се праќа лоша порака до сите земји од Западен Балкан

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула оцени дека моментно во Брисел преовладува времето на разноразни блокади и употребата на вето во ЕУ.

– За жал, првичниот план за отворање на меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија не е постигнат, рече Пицула за подгоричка „Побједа“.

Пицула смета дека политиката на проширување само за кратко добила нов замав во текот на првата половина на 2020 година, со конечното зелено светло за Северна Македонија и Албанија за отворање на преговорите, како и со Самитот во Загреб и финансиската и здравствена помош на Западен Балкан во борбата против сегашната пандемија.

– Верувам дека однесувањето на една земја членка, која го користи прашањето за проширување како националистичка предизборна кампања за нејзините парламентарни избори на пролет, не е коректна, добрососедска или во европски дух. За жал, ние во Хрватска го знаеме овој образец на однесување од нашиот процес на пристапување, изјави Пицула.

Тој, сепак, верува дека сегашната состојба не е одржлива на долг рок.

– Блокадите испраќаат лоша порака до земјите во процесот на проширување, обесхрабруваат и отвораат простор за уште поголемо влијание на неевропските фактори, кои немаат исти вредности како ЕУ. Без оглед на сегашните (не)прилики, Црна Гора како лидер во процесот на пристапување во регионот мора да го задржо фокусот на реформите. Секако има капацитет и наша поддршка за тоа, истакна Пицула.

Според него, ЕУ нема формална можност за деблокирање на ветото бидејќи за тоа е потребно едногласно решение на земјите членки.

– И овој пример оди во полза на оние кои се залагаат дел од одлуките за надворешната политика да се донесуваат со квалификувано мнозинство, порача Пицула.

Би можело да ве интересира

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ