Организацијата за демократска реакција и асоцијација на здруженија – ОДРАЗ ги повикува сите свесни граѓани од Р.Македонија да се приклучат во борбата за враќање на владението на правото, демоктратијата и слободата на говорот во Р.Македонија под мотото „ДОСТА Е“.
Сакаме да ја известеме јавноста дека оваа коалиција на граѓански здруженија, организации и граѓански неформални групи и граѓански иницијативи ќе делува и работи низ сите градови и населени места во Р.Македонија и ќе се бори за враќањето на гордоста, достоинството и насмевката кај граѓаните.
ОДРАЗ застанува позади сите граѓански иницијативи во Р.Македонија кои активно ќе се организираат за подобрување на општествениот и политичкиот живот во државата.
Сакаме да ја промовираме новата граѓанска иницијатива во нашата држава „ОСВЕСТИ СЕ“.
ОДРАЗ, „ОСВЕСТИ СЕ“ , „ДОСТА БЕШЕ МОЛК“ и ЗПС ќе поведат иницијатива за собирање на потписи за започнување на петиција за измена на законот на енергетика:
– укинување на ставката за додадена моќност;
– либерализација на пазарот за енергетика и влез на повеќе компании кои ќе воведат конкурентност на пазарот во Р.Македонија
– Измена на законот на Радиодифузија каде ќе се бара дополнување на законот за радиодифузна такса да се додаде „обрската за плаќање на радиодифузна такса да ја плаќа кабелскиот преносител на сигналот“.
Ќе се бориме за да ги покажеме вистинските дела и реалноста во Р.Македонија, а тоа е дека во Р.Македонија над 70% од населението е сиромашно и неможе ни најосновните животни потреби да ги овозможи за себе и своите семејства.
Нашата порака до сите политички субјекти во Р.Македонија е:
Вашите дела можете да ги докажете со попис на населението, тема која вешто се избегнува, а тоа е првиот чекор на враќање на демократијата и вистината во Р.Македонија.
Ние сме тука секогаш подготвени и спремни за дебата на кој сакате медиум и сме отворени за јавноста „ДОСТА Е“.