Меѓународен ден за пристап до информации

Од:

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе го одбележи 28 Септември – Меѓународниот ден за пристап до информации.

На одбележувањето во Клубот на пратенциите во Скопје ќе бидат споделени информации за досегашната работа на Агенцијата и за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ќе биде промовиран и спот изработен во соработка со Националниот демократски институт – НДИ и УСАИД.

Меѓународниот ден за пристап до информации традиционално се одбележува под мотото „Имам право да знам“, а го симболизира глобалното движење за промоција на правото на пристап до информации.

Би можело да ве интересира

Едукативно видео за афирмација на правото за слободен пристап до информации

Ана Ололовска

Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер постапувала по над 1.300 жалби

Ана Ололовска

Повик за придонес во подготовката на измените и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Отворена е дебата за измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Ана Ололовска