Владата на Саудиска Арабија во рамки на мерките за депортирање на странските работници донесе одлука во првиот круг во матичните држави да врати 83.000 странски работници.
Амбасадите и конзулатите на Индија, Пакистан, Бангладеш, Филипините и Шри Ланка издаода соопштенија во кои наведуваат дека во текот на последниот месец околу 6.000 државјани на Пакистан, 60.000 државјани на Индија, 10.000 на Филипините и 7.000 на Шри Ланка купиле карти за враќање во татковината.
Владата на Саудиска Арабија минатата седмица прогласи амнестија за сите работници кои илегално престојувале во земјата напоменувајќи дека сите оние кои ќе ја искористат амнестијата и своеволно ќе ја напуштат земјата нема да бидат кривично гонети.
Во Саудиска Арабија, која брои 28 милиони жители, се наоѓаат околу 8,4 милиони странски работници.