Врачување на државната награда „8 Септември“

Од:

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ денеска во Собранието ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2020 година. Љуљзим Вренези е годинашниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.

Наградите со кои се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорги Вучков.

Наградите ќе бидат врачени во Кристалната сала на Собранието, со почеток во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Од 8 септември 1991 до денес – три и пол децении македонска независност

Горан Наумовски