Европскиот шампион Вардар 1961 се приклучи во кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања

Од:

Септември е светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања (леукемии, лимфоми и миеломи). Оваа година двојниот европски првак во ракомет, Вардар 1961 се приклучи во кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања во организација на Здружението ХЕМА.

Снимени се пет клипови со ракометарите од РК Вардар 1961 – Иван Чупиќ, Борко Ристовски, Тимур Димиров, Филип Талески и Глеб Калараш.

– Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом. Леукемијата е најчест тип на рак дијагностициран кај лица од 0-29 години. Во светот над 309.000 лица умираат годишно од леукемија. Околу 74% од глобалната популација не знае дека лимфомоот е тип на малигно заболување, потсетуваат од ХЕМА по повод Светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања.

Би можело да ве интересира

Синиша Михајловиќ е во тешка состојба

Филипче: Повеќе од 80 отсто од децата со акутни леукемии се излекувани

Ана Ололовска

Презентација „Леукемија болест што се лекува“: 84 проценти од децата со акутна лимфобластна леукемија може да бидат излекувани

Ана Ололовска