Кинеска бизнис делегација на средба со министерот Сарачини

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска се сретна со делегација од кинеската компанија China Construction Firs Group Corporation, предводена од генералниот менаџер Шхи Куинг, што престојува во Македонија со цел непосредно да се запознае со деловните и инвестициските услови во земјава.

На средбата, информираат од Министерството за економија, министерот Сарачини ги презентираше потенцијалите и карактеристиките на Република Македонија во делот на бизнис-климата, позитивната даночна политика, како и поволните услови и можности што државата им ги дава на странските инвеститори. Зборуваше и за поедноставувањето на регулативата со Регулаторната гилотина, подобрувањето на инфраструктурата и модернизацијата на образовниот систем. Посебен акцент беше ставен на можностите за соработка во проекти од областа на инфраструктурата, преку доделување концесија за изградба на патишта, железници, изградба на хидроцентрали и други енергетски објекти.
Кинеската делегација покажа интерес за инвестирање во проекти од областа на патната, железничката и енергетската инфраструктурата.

Кинеската компанија China Construction Firs Group Corporation остварува приходи од 90 милијарди долари на годишно ниво. Располага со околу 200 илјади вработени и спроведува проекти со 60 земји од светот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ