Изложбата „Без простор“ ќе го затвори 8. Фестивал на феминистичка култура „Прво па женско“

Од:

Со отворање на изложбата „Без Простор” на уметницата Селма Селман вечер во 20 часот во Музејот на современа уметност во Скопје симболично ќе биде означен завршетокот на осмото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ во организација на Тиииит! Инк – Скопје.

Како што најавуваат организаторите, на официјалното затворање на Фестивалот во МСУ, ќе се обрати претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски зошто „Прво па женско“, велат, е отворена платформа каде феминистичките вредности и дебати се водат со сите актери во општеството без исклучоци со цел подобрување на состојбата на женските права и родовите политики.

За изложбата „Без Простор”, се посочува дека таа ја проблематизира особено деликатната и секогаш присутна тема на просторот: личен, колективен, телесен, ментален, емотивен, политички, женски, нерационален, креативен, реален, внатрешен, простор за емпатија, простор на преиспитување и преживување.

Творештвото на Селман се карактеризира со интимност, јасност и моќност, а овие карактеристики се и принципите според кои е поставена и изложбата во Музејот на современа уметност во Скопје.

Селма Селман (1991, Бихаќ, БиХ) е уметница со ромско потекло која живее и работи во Босна и Херцеговина, во САД и низ Европа. Главна цел на нејзините дела е да ги заштити женските тела и да им овозможи сеопфатен пристап до самоеманципација на опресираните жени. Досега изложувала на 58. Венециско биенале на уметноста, Италија (2019), во музејот Queens во Њујорк, САД (2019), на 3-тиот Берлински есенски салон во театарот Maxim Gorki, Германија (2017); Kunstquartier Bethanien во Берлин, Германија (2016) и др. “БЕЗ ПРОСТОР” е прва изложба на Селма Селман во Скопје и во МСУ ќе остане отворена до 29 август.

По отворањето на изложбата на Селма Селман, следи диџеј сет на Дискордиа.

Значителен дел од програмата на Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО спаѓа во рамките на  Women on Women (WoW) проектот – кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Комисија, што Тиииит! Инк го спроведува заедно со Mesto Žensk – Љубљана, K-Zona – Загреб/VoxFeminaeOutlandish Theatre Platform – Даблин. Фестивалот е поддржан и од  FRIDA – Young Feminist Fund,  Министерство за култура на РСМ и Град Скопје, и се реализира во соработка со Младински културен центар – Скопје, МОТ+, Музеј на современа уметност – Скопје, ИСКРА Букинг, Period Skopje, Од нула до дула.

Би можело да ве интересира

ПичПрич на 6 април на тема „Бев Сама“

Ана Ололовска

Деветто издание на фестивалот за феминистичка култура Прво па женско

Ана Ололовска

Пендаровски: Потребно е унапредување на родовите политики во земјата

Ана Ололовска

Осмо издание на фестивалот „Прво па женско“

Ана Ололовска

Фестивал за феминистичка култура и акција „Прво па женско“

Ана Ололовска

Отворен фестивалот „Прво па женско“

Ана Ололовска