Сарачини: Наскоро нова индустриска зона во Арачиново

Од:

Нова индустриска зона со даночни олеснувања за домашните компании наскоро ќе почне да функционира во Арачиново, најави министерот за економија Ваљон Сарачини по денешната средба со градоначалникот на општина Арачиново, Брахим Ајвази.

– Арачиново, има многу добри услови за развој на земјоделството, а воедно претставува и идеално место за инвестиции. Се договоривме со градоначалникот наскоро да покренеме иницијатива за формирање на бизнис центри во соработка пред се со министерствата за економија, за транспорт и врски, за локална самоуправа и за земјоделство шумарство и водостопанство, изјави Сарачини.

Тој посочи дека тимови на министерствата ќе треба да ги идентификуваат проблемите со кои се соочува општината во својот економски развој и да понудат соодветни решенија согласно мерките кои ги спроведува Владата за поддршка на локалниот развој на општините и поддршка на бизнисот.

– На 15 мај ќе биде отворен првиот бизнис центар на кој ќе се разговара за проблемите на општината и за мерките кои ги нуди Владата за поддршка на бизнисот, рече Сарачини.

Се очекува за една година да профункцинира новата индустриска зона.

Градоначалникот Ајвази истакна дека најголеми проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општината се канализацијата, водоснабдувањето, инфарструктурата и потрошувачката на електричната енергија.

По средбата министерот и градоначалникот ја посетија компанијата Аспи која се занимава со производство на овошни сокови.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ