Во Грција регистриран првиот смртен случај од западнонилска треска

Од:

Пациент на 80-годишна возраст со неколку придружни заболувања е првата жртва во Грција предизвикана од западнонилска треска. Во земјата се дијагностицирани вкупно 10 заразени лица, објавија локалните медиуми.

Според седмичниот извештај на грчкиот Институт за јавно здравје, од десет случаи, пет се хоспитализирани, а четири се отпуштени од болница. Првите два случаја се регистрирани на 19 јули.

Според официјалните податоци, вирусот се шири во Грција од 2010 година, а во периодот до 2019 година се регистрирани вкупно 1.216 пациенти, од кои 170 починале.