Министерот за правна на Саудиска Арабија, Мухамед Ал Иса изјави во Брисел дека неговата земја нема да дозволи ширење на друга религија.
-Тоа се однесува на христијаните, но и на будистите. Но, не значи дека не се почитуваат човековите права-истакна тој.
Државна религија во Саудиска Арабија е исламот на вехабитската ориентација, а владарот се смета за чувар на светите места, Мека и Медина.
Во Саудиска Арабија живеат околу 1,5 милиони странски вработени лица, со неисламска вероисповед.
Помеѓу христијаните најбројни се Филипинците, Палестинците и Европејците. На нив им е забранет увоз на Библијата или носење неисламски симболи, пренесе Верската информативна агенција.
Елена Георгиевска