Договорена соработка меѓу Македонија и бразилската држава Парана

Од:

Премиерот Никола Груевски вчера во градот Куричиба, во Бразил, имаше средба со вицегувернерот на федералната држава Парана, Флавио Арнс. На средбата, информира владината прес служба, е изразена политичката волја за унапредување на меѓусебните односи во секоја сфера од заемен интерес, и развој на соработката во повеќе полиња.

Федералната држава Парана се карактеризира со исклучително развиен сектор на земјоделство и агробизнис, автомобилска индустрија и информатички технологии, а главниот град Куричиба претставува еден од поголемите економски и индустриски центри во Федеративната Република Бразил.

– Акцентирани беа сферата на економијата, можностите за соработка во областа на земјоделството и агробизнисот, разработка на можностите за интензивирање на трговската размена и соработката на полето на инвестициите, и градењето на платформа за динамична соработка на полето на образованието, се вели во соопштението од Владата.

Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се спроведуваат во Македонија за унапредување на деловната клима и поволностите кои се овозможуваат за потенцијалните странски инвеститори. Тој се осврна и на реформите во образованието и ја истакна иницијативата за соработка во областа на образованието помеѓу институциите и универзитетите од двете страни.

Вицегувернерот Арнс посочи дека федералната држава Парана е заинтересирана за градење на успешни односи со Република Македонија, и ја афирмираше нивната волја за стимулирање на економските субјекти од регионот за разгледување на опциите и можностите кои ги нуди нашата земја, и за креирање на соработка со македонските стопански субјекти. Вицегувернерот, кој е поранешен повеќемандатен пратеник во бразилскиот Парламент и поранешен сенатор, се заложи за негов ангажман за побрзо заокружување на процесот на визна либерализација меѓу двете земји.

Договорено е да се специфицираат понатамошните процедури за искористување на специјалните програми кои Парана и Бразил ги нудат за остварување на конкретна соработка во областа на образованието, и нивно насочување во еден дел и кон овозможување на соработка на образовно ниво со Република Македонија која би резултирала со размена на кадар, студенти, искуства и проекти.

Стана збор и за реализација на поактивна соработка на полето на економијата, за што беше констатирано во идниот период да се продолжи со комуникација за определување на области на интерес за продлабочување на односите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ