Најстариот човек во Саудиска Арабија, шеик Авад бин Абдул Азиз бин Саифи Куарни, почина на 120- годишна возраст, а зад себе остави 447 потомци, вклучувајќи го и 98-годишниот син, како и уште 23 деца, голем број внучиња и правнучиња.
Шеик Авад почина во својата куќа во селото Ал Бададха, а пред смртта немал никакви здравствени проблеми. Водач на племето бил речиси сиот негов живот.Зад себе остави 24 сина и ќерки, кои ги добил од различни жени, вклучувајќи го и најстариот син кој има 98 години, како и најмладиот син кој има 22 години. Неговиот најстар внук има 65 години.
– Шеик Авад е роден во 1893 година. Живееше во три века. Неговото племе и останатите жители од селото ќе го паметат како искрен, мудар и сакан човек, се наведува во весникот на Сабку.