УКИМ добива нова спортска сала

Од:

На универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кај комплексот факултети денеска почна изградбата на нова спортска сала, со капацитет од 1.100 гледачи и под трибински простор, кој ќе биде искористен за теретана и фитнес.

Вредноста на проектот е околу 154 милиони денари или приближно 2,5 милиони евра, средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија и е дел од проектот на Владата за изградба на 35 спортски сали преку Агенцијата за млади и спорт.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот Никола Груевски, ректорот на УКИМ Велимир Стојковски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски.

Спортска сала, според Груевски, ќе биде приспособена да се користи за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг, гимнастика, боречки спортови и сите останати дисциплини поврзани со физичкото образование и спортот на студентите, вклучувајќи и активнсоти од културен карактер.

– Ќе ги задоволи потребите на сите студенти кои без разлика на студиите што ги изучуваат заслужуваат простор во кој ќе спортуваат и ќе се рекреираат, рече премиерот, додавајќи дека мулти функционалната салата треба да биде готова најмногу за две години.

Во рамкии на УКИМ, со средства од Владата изградена е спортската сала на Факултетот за физичка култура, каде е предвидена изградба на уште една.

Би можело да ве интересира

Промоција на факултети и компании пред младите кавадарчани

Емир Латифовиќ

Врачени признанијата за најбезбедни и најчисти училишта

Емир Латифовиќ

Давитковски: Немам веќе сила и нерви за притисоците врз мене и Правниот факултет

Емир Латифовиќ

Предавање на Лудовикос Коцонопулос во Скопје

Емир Латифовиќ

Парични казни за градинката „Детска радост“ и за директорката

Емир Латифовиќ

Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се сретнаа со француски правни експерти

Емир Латифовиќ