Од МВР информираат дека вчера во 14 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Џунови“ во Кавадарци, од тераса на куќата во која живее, паднало седумгодишно дете и се здобило со повреди.
„Детето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.