ВИДЕО: Флојд бил тепан и на задното седиште од полицискиот автомобил

Од:

Низ повеќе градови во САД, но и во светот, од викендот почнаа да се организираат протести откако црнецот Џорџ Флојд им подлегна на повредите здобиени по „блиската средба“ со полицијата. Во повеќе американски градови тие прераснаа во немири и судири со полицијата.

Американските медиуми јавуваат дека денеска на социјалните мрежи се појави и нова снимка од надзорна камера, на која се гледа како полицијата се однесувала со Флојд пред да почине.

Дури и пред Флојд (46) да заврши со лицето на плочникот полицијата имала проблеми со него. Ова е прикажано на новата снимка од надзорната камера, на која се прикажани неколку полицајци како имаат проблеми со него на задното седиште на полицискиот автомобил.

Снимката е објавена од корисник на Инстаграм, кој напишал дека полицајците го претепале Флојд во автомобилот.

„Сè полека се спојува, само што го добив ова ново видео. Едниот чува стража, а другите го претепуваат“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Жарко Настоски

Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Ана Ололовска

Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Жарко Настоски