Со дигитална премиера на „Кармен“ ќе бидат отворени Мајските оперски вечери

Од:

Мајските оперски вечери почнуваат вечер со дигиталната премиера на најновата продукција на операта „Кармен“, соопштија од Националната опера и балет.

На нивниот официјален Јутјуб канал, како што посочуваат, ќе можат да се проследат 10 продукции, осум оперски и две балетски, со кои ќе бидат одбележани Мајските оперски вечери.

„На 12 мај ќе се емитува балетската претстава „Рајмонда“, 15 мај „Турандот“, 17 мај „Кавалерија Рустикана“ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. На 19 мај ќе имате можност да го проследите балетскиот концерт „Балетски бисери“ а на 22 мај операта „Фауст“. На 24 мај, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“ ќе имате можност да ја проследите операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски. Операта „Адријана Лекуврер“ ќе се емитува на 26 мај, а операта „Травијата“ на 29 мај. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај кога ќе се емитува операта „Аида“, соопштуваат од Националната опера и балет.

За распоредот на закажаните дигитални премиери може да се следи веб страната www.operabalet.mk, и официјалниот Јутјуб канал www.youtube.com/user/makoib.

Би можело да ве интересира

„Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет

Катерина Ѓуровски

Балетската претстава „Дон Кихот“ на 20 и 24 декември на големата сцена на НOБ

А1он

„Жените на Пучини“ на 19 ноември во Националната опера и балет во рамките на „Месец на Пучини“

Двојна изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди вечер и на 2 ноември

Операта „Набуко“ од Џузепе Верди во Национална опера и балет

Гала балетски концерт со најубавите балетски дела на 26 јуни