Министерот Сарачини го посети локалитетот „Краста“ во Куманово

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини и директорот на Државаната техничка инспекција Екрем Буњаку денеска го посетија локалитетот „Краста“, каде се врши експлоатација на минерална суровина, варовник.

Министерот Сарачини промовираше инвестиција вредна два и пол милиони евра, која само за првите триесет дена овозможила отворање на десет нови работни места, а според најавите на концесионерот наскоро се очекуваат дополнителни 20 вработувања.

– Оваа уште еднаш го покажува проактивниот пристап на Владата и на Министертвото за економија во делот на минералните суровини каде што за минатата година 2012 имаме приходи во буџетот од 480 милиони денари од кои 78 отсто се слеани во општинскиот буџет додека 22 отсто во централниот буџет, што го покажува реформскиот зафат на Владата за развој на локалната економија, рече министерот додавајќи дека новиот закон за минерални суровини им овозможува значителен приход на општините, а со тоа и развој на локалната економија.

Министерот најави дека во соработка со Државниот технички инспекторат ќе преземат засилени инспекциски надзори за концесионерите кои не ги почитуваат законските одредби. Рокот за плаќање на концесискиот надоместок е пролонгиран за 15 мај годинава. Оние кои нема да го платат ќе се соочат со раскинување на договорот, најави министерот.

– Законскиот рок за плаќање на надоместокот е 15 април и како министер имам законско право да го продолжам рокот до 15 мај и тоа го направивме со цел да им дадеме уште една  можност на сите компании. Ако не се испочитува рокот, тогаш министерството ќе и предложи на Владата да се раскине договорот со концесионери, рече Сарачини и додава дека не е голема бројката на оние компании кои не го почитуваат законскиот рок. Министерот апелираше да се почитува рокот, бидејќи средствата им се потребни на општините за локалниот развој.

Директорот на Државната техничка инспекција, Екрем Буњаку најави засилен инспекциски надзор. Апелираше до концесионерите што имаат добиено концесија да работат исклучиво на зацртаните проекти и дозволите добиени од министертвото и дека доколку ги прекршат одредбите ќе се соочат со казни, меѓу кои и забрана за работа, одземање на дозволата, како и казна која се движи од 20 до 250.000 евра.

– За оние што мислат незаконски да експлоатираат најавуваме дека со новиот закон е предвидено  конфискување на  опремата, минералната суровина што ќе се затекне и ќе се покрене судска постапка, рече Буњаку и апелирајќи до граѓаните кои имаат сознанија за незаконска експлоатација да го повикаат инспекторатот кој веднаш постапува согласно Законот.

Генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“, Дејан Нешковиќ смета дека новите законски регулативи ќе овозможат справување со нелојалната конкуренција и отворање можности за подобрување на финалните производи и можност за развој на компаниите на домашниот и регионалниот пазар.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ