Од 24 февруари по 57-ми пат Мавровски меморијал

Од:

Мавровски меморијал е спортска манифестација која го промовира Маврово, како едно од најубавите туристички атракции во државава.

Натпреварот се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година.

Оваа година настанот ќе се одржи од 24 до 26 февруари на патеката Мирна долина, во Маврово, 57-ми пат по ред.

-Овој настан е во редот на настани кои се на светската мапа за нордиско трчање. и затоа и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори, и да го направиме овој ФИС натпревар еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот, истакнана денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт како и секоја година претходно, така и овој пат, финансиски и логистички ќе ја поддржи организацијата на овој меѓународен, традиционален настан, кој првата реализација ја имаше далечната 1962 година.

На прес-конференцијата зборуваше претседателот на Мавровскиот меморијал, Кочо Кирацов, како и селекторот на македонската репрезентација во нордиско трчање Ѓоко Диневски.

Освен македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција, Бугарија, а за прв пат имаме натпреварувачи од Швајцарија и Русија.

Во извонредно силната конкуренција, нашата репрезентација ќе настапи со 10 натпреварувачи, во чиј состав е секако и нашиот најдобар нордиец Ставре Јада, кој ќе има прилика да го потврди евидентниот напредок утврден на последното светско јуниорско првенство.

Би можело да ве интересира

Натпреварувачи од осум земји ќе учествуваат на 56. Мавровски меморијал

Ана Ололовска

Затворање на 55-от „Мавровски меморијал“

Ана Ололовска

Дамјановски четврти на „Мавровскиот меморијал“, но со норма „А“ за ЗОИ во Пјеонгчанг

Ана Ололовска