(ВИДЕО) Спасовски: Владините политики поттик за уште две нови инвестиции на „ДУРА Аутомотив Системс“

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, ги посети производствените капацитети на американската компанија „ДУРА Аутомотив Системс“, која веќе го започна производството во својата прва фабрика и ги стартува работите на изградбата на две нови фабрики.

За време на посетата на „ДУРА Аутомотив Системс“, премиерот Спасовски истакна дека станува збор е една од најмоќните компании во автомобилската индустрија со над 30 фабрики и инженерски центри во 12 земји во светот и со задоволство констатира дека токму Северна Македонија е тринаесеттата земја во која компанијата гради дури три фабрики.

Премиерот Спасовски посочи дека компанијата во првата фабрика со најнова технологија веќе произведува компоненти за водечките светски автомобилски компании, додека во втората фабрика ќе произведува алуминиумски рамки за литиумски батерии со голем капацитет за електрични возила, а во третата ќе прави алуминиумски ултра лесни профили за електрични возила.

„Трите фабрики на „ДУРА Аутомотив Системс“ ќе вработуваат околу 1.000 наши сограѓани. Сите тие ќе работат во најсовремени фабрички системи и ќе се стекнат со обуки и вештини да учествуваат во високо-технолошки процеси. За истакнување е и намерата на компанијата, за поддршка на нејзините фабрики да изгради и Центар за истражување и развој, кој ќе вработи висококвалификувани и искусни инженери, вклучувајќи инженери за компјутерски дизајн, експерти за машини, механички и електроинженери и во кој ќе се врши обука за вработените“, посочи премиерот Спасовски при посетата во придружба на министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за странски инвестиции, Зорица Апостолска, директорот на Дирекцијата за трговски и индустриски развојни зони, Александар Младеновски, директорот на компанијата „ДУРА Аутомотив“, Мајк Бекет и амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Мари Брнс.

Премиерот Спасовски подвлече дека оваа Влада за две и пол години договори 24 нови странски инвестиции во нашата земја, а тоа е речиси двојно повеќе во споредба со истите периоди од 2013 до 2015 година, и од 2015 до јуни 2017 година.

Воедно премиерот Спасовски информираше дека преку владините економските политики отворени се близу 60 илјади работни места за само девет квартали во изминатите две и пол години, а невработеноста во третиот квартал на 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 проценти.

„Тоа е сериозна пресвртница. Овие резултати се само дел од големата успешна приказна, во која за само две и пол години граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките заради добрите и одговорни економски политики“, нагласи претседателот на Владата, Спасовски.

При тоа премиерот Спасовски потврди дека Владата останува фокусирана на политики кои го помагаат бизнисот и граѓаните, а тие заедно со членството во НАТО ќе донесат уште повеќе странски инвестиции.

Пред присутните се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој нагласи дека поддршката на домашниот бизнис и на странските инвеститори покажува видливи резултати преку сè поголемиот број на странски инвестиции во нашата земја, но и преку зголемувањето на бројот на вработени во индустријата.

„Една од стратешките цели на оваа Влада е развој на економијата, зголемување на продуктивноста, вработувањето и подигнување на животниот стандард на граѓаните. Токму оваа инвестиција на „ДУРА Аутомотив“ е уште еден пример за успешноста на нашите економски политики, бидејќи ова е уште една компанија која ги почувствува бенефитите на Планот за економски раст“, истакна министерот Бектеши.

Директорот на Дирекцијата за трговски и индустриски развојни зони, Александар Младеновски, наведе дека за важноста на сега веќе трите инвестиции на „ДУРА Аутомотив“ во Република Северна Македонија зборува и фактот што лично првите луѓе на компанијата се заземаа преговорите да се одвиваат со забрзана динамика.

„Менаџментот на ДУРА ја препозна поддршката на Владата и сериозните презентации на условите и погодностите што ги обезбедуваме во зоните за сите странски инвеститори согласно Законот за ТИРЗ и Законот за финансиска поддршка на инвестиции“, посочи директорот Младеновски.

Во своето обраќање директорот на компанијата „ДУРА Аутомотив“, Мајк Бекет, истакна дека производствените капацитети во нашата земја ќе интегрираат врвна и иновативна технологија.

„Раководниот тим на ДУРА високо ја цени извонредната соработка што ја добивме од Владата на Република Северна Македонија. Нивната силната поддршка му овозможи на нашиот тим за европски операции исклучително брзо да премине кон финализирање на ова стратешко дополнување во нашето работење“, истакна директорот Бекет.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ