Индискиот министер за енергетика ги демантираше написите: Продолжуваме со увоз на нафта од Иран

Од:

Индискиот министер за енергетика, Верапа Моили, ги отфрли написите во поедини западни медиуми и истакна дека неговата земја и понатаму ќе продолжи да увезува нафта од Иран. Исто така, истакна дека антииранските санкции, наметнати од страна на САД и Европската унија, создадоа “некои потешкотии” за Индија по прашањето на увозот на иранска нафта, но истакна пред новинарите во Њу Делхи дека Индија ќе основа посебен фонд кој ќе се користи за набавка на нафта од Иран.

Во меѓувреме, индискиот заменик министер за енергетика рече дека деталите за споменатиот фонд наскоро ќе се договорат и дека најважните нафтени компании од Индија ќе учествуваат во неговото создавање. Овој демант доаѓа откако новинската агенција Ројтерс, цитирајќи неименувани функционери, пренесе информација, дека Индија се подготвува да прекине со увозот на иранска нафта.

Сепак, индиски официјални лица денес истакнуваат дека нема да потклекнат пред притисокот од запад и дека увозот на нафта од Иран дефинитивно ќе продолжи. Индија е еден од најголемите увозници на енергенси во Азија, а значителен дел од тој увоз доаѓа од Иран. Во периодот 2008-09, околу 16,5% од нафтата, Индија ја увезе од Иран.

Понатаму, за Индија е од голема важност иранско-пакистанскиот гасовод што ќе оди и кон Индија. Во последниве неколку месеци се врши значителен притисок од Вашингтон врз Индија, како и врз Пакистан, да се приклучат кон санкциите против Техеран. За сега, плановите на САД да се изолира Иран, во овој дел од светот, не се исполнуваат.

Би можело да ве интересира

Во Индија температурите надминаа 48 степени, 230 лица починаа

Емир Латифовиќ

Индија: Воз прегази 37 аџии, толпата го претепа машиновозачот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Хаварија во индиска воена подморница, 18 морнари заробени

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Новинар јавна соговорник

Емир Латифовиќ

Во Индија силувано петгодишно девојче

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Камион прегази жена, а таа стана и почна да трча по него

Емир Латифовиќ