Земјотрес со умерен интензитет го погоди денеска западниот дел од Турција, а граѓаните во паника истрчаа на улиците.
Според локалните власти, засега нема податоци за повредени и евентуална материјална штета.
Турската агенција за управување со вонредни ситуации и катастрофи информираше дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени по Рихтеровата скала, а епицентарот бил во градот Киркагач, во покраината Маниса.
Земјотресот е евидентиран во 14.26 часот по локално време, на длабочина од 6,99 километри.