Ерјавец најави оставка од министерската функција

Од:

Словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец најави дека ќе се повлече од функцијата откако претрпе пораз на изборите за претседател на Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС), со која раководеше 16 години.

На синоќешниот вонреден конгрес на ДЕСУС актуелната министерка за земјоделство Александра Пивец доби 145 гласови, а за Ерјавец се изјасниле 80 делегати.

– Зошто би бил разочарам? Тоа е демократија. Довербата што ја очекував не ја добив, животот тече понатаму, истакна Ерјавец.

Тој потенцира дека повлекувањето од министерската функција не значи и дека ќе се повлече од политичкиот живот.

Ерјавец додаде дека ќе се повлече од функцијата набрзо односно по консултациите со словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Би можело да ве интересира

Средба Џафери-Ерјавец: Потешкиот дел доаѓа по членството во НАТО

Наум Локоски

Ерјавец: Дојде време за признавање на независноста на Палестина

Наум Локоски