На новогодишниот „Фунакоши Гичин” карате куп кој се одржа викендов во Лимасол, Кипар нашата каратистка Камелија Недев освои прво место во кати и второ место во кихон за деца од 7-8 години, соопшти Македонската традиционална карате федерација.
На новогодишниот куп учествуваа 240 натпреварувачи од Кипар, С.Македонија, Грција и Турција.
-Овој турнир беше последен за оваа година за нашите каратисти кои годинава настапија на голем број меѓународни натпреварувања од каде традиционално се вратија со грст освоени медали, додаваат од МТКФ.