Институциите молчат за дрогата и улогата на актерката Стојановска во трговијата

Од:

Ниту една надлежна институција и по еден ден не кажува официјални информации за истрагата во која осомничена е актерката Силвија Стојановска и уште едно лице со иницијали В.Д.. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција и натаму велат дека немаат информации кои можат да ги споделат во јавност, а истиот одговор го дава и Министерството за внатрешни работи. Никој ниту потврдува ниту ги демантира информациите до кои дојдоа медиумите, дека актерката и уште едно лице биле уапсени за трговија со 700 килограми дрога.

Обвинителството не кажува кога е започната истрагата и колку лица се осомничени, дали станува збор за меѓународна акција во која е вклучен Интерпол. По молкот од институциите, се погласни се неофицијалните информации дека улогата на актерката била само помагач во трговијата. Преку банкарската сметка на актерката оделе и дел од трансакциите, се информациите кои засега никој нема институција која може да ги потврди. Недостапни за коментар се и адвокатите на осомничените.

Актерката Силвија Стојановска не сакаше да одговара на новинарски прашања при излегувањето од кривичниот суд од каде што што беше спроведена во куќен притвор.

Стојановска беше приведена доцна вчера попладнето и спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во врска со заплена на голема количина дрога. Второто лице осомничено заедно со Стојановска за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги доби мерка затворски притвор.

Новинарите ја прашуваа актерката Стојановска дали е точно дека е осомничена за трговија со дрога, а наместо одговор таа искоментира „Боже, боже”.

На актерката Силвија Стојановска по приведувањето во судот и е одреден мерка од 30 дена куќен притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По пресудата, актерката Стојановска ќе бара обештетување од државата за нарушен углед

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Актерката Силвија Стојановска ослободена за транспортот на дрога од Колумбија

Кристијан Ландов

Актерката Силвија Стојановска осудена на 3,6 години затвор, партнерот Будисавјевиќ доби 7 години

Ана Ололовска

Продолжува судењето за актерката Силвија Стојановска

Ана Ололовска

Актерката Стојановска и Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за трговијата со кокаин

Кристијан Ландов

Почнува судењето за Силвија Стојановска и Будисављевиќ, обвинети за трговија со кокаин