„Суташ“ од мај почнува со производство во Македонија

Од:

 Турски „Суташ“ кој ја купи млекарата „Сведмилк“ најавува почеток на производство во мај годинава. Ќе почне со шест категории производи. Досегашната инвестиција е 10 милиони евра и се ангажирани околу 50 вработени.

Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска го посетија производствениот капацитет на Суташ во Македонија „Балканска млекара“, при што се запозна со активностите што ги спроведува турскиот инвеститор за почеток на производството.

– Со ова очекуваме долгогодишната сага на Сведмилк да биде успешно завршена. Се работи  за најголемата млекара во Турција со обрт од над 500 милиони евра. Инвеститор кој го знае бизносот и има огромно искуство  во сите сегменти и одлично портфолио на производи кои во Македонија ќе бидат со навистина добар квалитет, изјави Пешевски.

pesevski-sutas

„Балканска млекара“ на почетокот  планира да произведува 45 тони млеко дневно, а капацитетот на фабриката е 180 тони млеко на ден. Планира инвестиција од пет милиони евра до крајот на годинава, а бројот на вработувањата да достигне до 200.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ