ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица продолжува со негативната и валкана кампања против градоначалникот Зоран Заев, регаираат од СДСМ Струмица.
Во обидот да го дискредитираат и да ги омаловажат неговите резултати се служат со најнечисти и подмолни лаги и манипулации и во тие манипулации го вовлекуваат неговото потесно семејство.
Струмица знае кој е Зоран Заев, кое е неговото семејство и што прават тие за развојот на општината. Струмица и нејзините граѓани знаат многу добро чиј татко каков е и не би сакале да ја водиме расправата во таа насока. Тоа на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат не би им одговарало во ниту еден случај.
Поврзано со обвинувањата за јавните набавки треба секому да му биде јасно дека Општина Струмица работи транспарентно и согласно сите законски прописи. Како мало потсетување нека биде името на сопственикот на градежната компанија Жикол кој е високо позициониран на советничката листа На ВМРО-ДПМНЕ, а има добиено преку 15 тендери од Општина Струмица во вредност од над 6 милиони евра.
Апелираме до ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица да престане со валканата кампања и да се фокусираат на натпревар на проекти и идеи за избор на градоначалник и советници како што доликува да се води кампања за Локални избори.