Коњановски: Лабораторијата во Штип за напредок на македонското земјоделство

Од:

Лабораторијата за испитување на семенскиот и садниот материјал и за квалитетот на ѓубривата на Земјоделскиот факултет во Штип ќе му помогне на македонското земјоделство да стане уште помодерно и посовремено, оцени заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

При денешната посета на Земјоделскиот факултет во Штип, заменик-министерот изјави дека факултетот има акредитирано 12 методи за испитување на саден семенски материјал и за квалитет на ѓубрива.

– Не можеме да говориме за современо земјоделство доколку нема заедничка спрега меѓу земјоделците, нашите стручни служби и науката и факултетите. Можам да констатирам дека Македонија ќе има напредок во земјоделието со уште позасилено темпо. Земјоделскиот факултет во Штип има акредитирано 12 методи за испитување на саден семенски материјал, квалитет на ѓубрива. Впрочем сите активности што ги направивме за сузбивање на лошиот квалитет на вештачките ѓубрива, ги направивме во соработка со Земјоделскиот факултет во Штип, истакна Коњановски.

Информираше дека со деканот на факултетот е разговарано и за доделување финансиски средства за современа лабораторија за испитување на квалитетот на млекото и во штипскиот регион. Со тоа, во Македонија би имале три акредитирани лаборатории, едната во во пелагонискиот, втората во полошкиот и трета во штипскиот регион.

Би можело да ве интересира

Над 3.000 земјоделци од Неготинско побарале субвенции за растително и сточарско производство

Емир Латифовиќ

Коњановски се сретна со земјоделците од Облешево

Емир Латифовиќ

Министерот Димовски изврши увид на поплавените земјоделски површини во Пелагонија

Емир Латифовиќ