Почитувани граѓани на Македонија, Ви благодариме за дадената поддршката. Немавме намера да се обратиме, меѓутоа овие денови помала група екперти не критикуваше што допринесе до нови поделби во јавноста, нешто против кое всушност и се бориме.
Повеќето од критиките се дури и апсурдни, на пример: Tие се религиозни, не се залагаат за анархија, ги немаат принципите на вистинските Аnonymous, не се за рушење на системот, имаат ружа на сликата, маската е fail или не…
Ние никогаш не рековме дека сме дел, група или подгрупа на светските Аnonymous, тоа го додадоа медиумите, ние имаме слични ознаки мотивирани од филмот V for vendetta. Така и е дојдена ружата.
Ние сме самостојни, имаме свои идеи и цели кои сигурно не се уништување на македонскиот систем! Ова е наша држава и институциите на системот се наши. Ние ќе ги браниме, а не да ги уништуваме. Пример со сајтот на ВМРО-ДПМНЕ, не е избришана ни една запирка, а имавме можност да избришеме се, главните, помошните и позадинските датотеки, меѓутоа зошто да го уништуваме трудот на поштениот македонски работник кој се мачел да го создаде, сајтот го искористивме за да ја испратиме нашата пораката, а воедно и наш револт искажан на наш начин.
Името ни е Анонимни и е мотивирано од македонските херои, старешини од ЈНА од 1990 и 1991. Тие пред распадот на ЈНА се организираа во анонимна група ТМРО официри со цел да ги заштитат интересите на Македонскиот народ. Тие во еден комунистички систем, се жртвуваа себеси, без да знаат што ќе се случи утре, дали воопшто Југославија ќе се распадне и дали за таа нивна одлука нема да платат со нивниот живот.
Што за жал за некои од нив и тоа се случи. Слава им! Бевме критикувани дека сме анти албански настоени, па зарем е шовинизам доколку јавно искажеш револт од однесувањето на одредени етнички групации во сопствената земја, однесување кое води до судир, раздор, жртви и на крај поделба на државата. На секоја нивна постапка, која кај нас Македонците, предизвикува чувство на провокација, одговорот е дека не треба така, дека тоа е дел од соживотот. Дали вие драги Албанци, ќе се чувтвувате мирни и спокојни доколку му подигнеме споменик на Аркан во Куманово и Шешељ го поставиме за почесен граѓанин на Струга? и на тоа ви одговориме: па што се буните тоа е соживот. Но, ние тоа не го правиме, затоа што Аркан и Шешељ, се наши комшии, иста религија, но друга држава, е кога и Вие така ќе зборите за Адем Јашари и Рамуш Харадинај, комшии од друга држава, е тогаш ДА, тогаш ТОА е соживот со Македонците во оваа држава…