Церемонијата на „Разгорување на вечниот оган“ по повод Денот на независноста на државава под Триумфалната капија во Париз

Од:

Традиционалната церемонија на „Разгорување на вечниот оган“ беше организирана пред споменикот на непознатиот војник, под Триумфалната капија во Париз по повод Денот на независноста на државава, јавува дописникот на МИА.

По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.

Со овој чин на оддавање почит пред амблематичниот споменик на Франција, Амбасадата на Република Северна Македонија го одбележа на Денот на независноста во духот на пријателските односи меѓу двете земји.

Вечниот оган прв пат беше запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден во 18:30 часот.

Настанот беше овозможен од страна на Унијата на асоцијациите „Огнот под Триумфалната капија – Оган на нацијата” и се организира прв пат од осамостојувањето на нашата држава.

По повод Денот на независноста, во Париз се одржа и концерт на женскиот хор „Света Злата Мегленска“ во американската катедрала во Париз.

Во работна посета на Француската Република денеска ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

Од 8 септември 1991 до денес – три и пол децении македонска независност

Горан Наумовски