Ветеранот на МотоГП, Валентино Роси, изјави дека веќе добил подобрувања од Јамаха, за кои тој ги притиска веќе две и пол години. „Докторот“ ја започна сезоната 2019 со два подиуми, но по три последователни откажувања на почетокот на летото, тој сè уште не може да се врати на вистинскиот пат. Неговиот тимски колега, Маверик Вињалес, од друга страна, има три подиуми и една победа за 2019 година.
– Јамаха започна да работи на паметни работи за подобрување на забрзувањето, електрониката и перформансите на задната гума. Веќе можам да ги видам работите за кои зборував веќе две и пол години. Во минатото дури и не добивав одговор на моите предлози. Можеби кон крајот на годината ќе оствариме поголем напредок и ќе бидеме погодни за победа во секоја трка, изрази надеж Валентино.
Сепак, моторот на Јамаха заостанува далеку зад оние на Хонда и Дукати во однос на коњски сили.
– Обично сме 7-8 секунди побавни од топ-пилотите. Другите мотоцикли развиваат 12 км на час повеќе од наснаправците. Не можеме да бидеме толку силни како што се Дукати на правците, но мора да се обидеме да го преполовиме заостанувањето, додаде Италијанецот.