Ќерката на милионерката Рејчел Клечер пронајдена мртва во базен

Од:

Ќерката на британската милионерка Рејчел Клечер, Џози е пронајдена мртва во базен крај вила на Мајорка по ноќ мината со пријатели.

Телото на девојката е најдено во вторникот наутро, а лекарите само констатирале смрт. Истрагата околу причините, е во тек, објави вчера британски „Телеграф“.

Џози била на одмор со семејството и пријатели. Таа е една од трите ќерки на Рејчел Клечер и ученичка во училиштето „Мортон Хол“ во Шропшир. Нејзината мајка е еден од основачите на водечката британска телефонска служба „Манипени“, вредна над 100 милиони фунти.

Клечер и нејзиниот брат Ед Ривс ја отвориле компанијата 2000 година. Денес таа има 700 вработени и остварува над 13 милиони повици годишно за околу 13.000 фирми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енрике Иглесијас се забавува со ќеркичката

Тајчи: Ме силуваа пред да станам позната

„Очајната домаќинка“ Фелисти Хафман осудена на 14 дена затвор за давање поткуп

Предебела е за фотографирање, Трамп ја избегнува најмладата ќерка поради физичкиот изглед

Кошаркарскиот дрес на Барак Обама продаден за 120 илјади долари

Жизел Бундшен и Том Брејди го продаваат имотот во Бостон за 40 милиони долари